
Шифра за тревога Проблем
• Показателот за крај на програмата
трепка еднаш со прекини.
• Показателот Start трепка постојано.
Апаратот не се полни со вода.
• Показателот за крај на програмата
трепка двапати со прекини.
• Показателот Start трепка постојано.
Апаратот не ја испушта водата.
• Показателот за крај на програмата
трепка трипати со прекини.
• Показателот Start трепка постојано.
Вклучен е уредот против поплавување.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Исклучете го апаратот пред да ги
направите проверките. Вртете го
програматорот додека ознаката за
програмата не се порамни со
показателот за вклучено/исклучено.
Проблем Можно решение
Не можете да го вклучите апаратот. Проверете дали приклучокот за струја е вклучен
во штекерот.
Проверете дали има оштетен осигурувач во
таблата со осигурувачи.
Програмата не започнува. Проверете дали вратата на апаратот е затворена.
Притиснете го Start.
Доколку е поставен одложен почеток, откажете ја
поставката или почекајте да заврши
одбројувањето.
Апаратот не се полни со вода. Проверете дали е отворена славината за вода.
Проверете дали притисокот на доводот за вода е
многу низок. За овие информации, јавете се во
локалното водостопанство.
Проверете дали славината за вода е затната.
Погрижете се филтерот во доводното црево да не
е затнат.
Проверете дали доводното црево е засукано или
свиткано.
Апаратот не ја испушта водата. Проверете дали е затната одводната цевка.
Проверете дали одводното црево е засукано или
свиткано.
Вклучен е уредот против
поплавување.
Затворете ја славината за вода и јавете се во
сервисот.
Откако ќе ги направите проверките, вртете го
програматорот додека ознаката за програми
не се изедначи со програмата која била во
функција кога настанал проблемот.
Програмата продолжува од точката на
прекинот.
Ако повторно се појави проблемот, јавете се
во сервисот.
14
www.electrolux.com
Comentarios a estos manuales