
КОГА ПРОГРАМАТА ЌЕ ЗАВРШИ
Машината запира автоматски. На
екранот се прикажуваат три нули (
) што трепкаат.
Контролното светло на копчето 8 се
гаси. Некои звучни сигнали може да се
огласат на неколку минути.
Ако е поставена програма или опција
што завршува со вода во кадата,
иконата 2.8 останува прикажана како
показател дека водата мора да се
исцрпи пред да се отвори вратата.
Барабанот продолжува да врти во
редовни интервали додека се цеди
водата.
Постапете на следниов начин за да ја
испуштите водата:
1.
Завртете го програматорот на
.
2. Одберете програма за испуштање
вода или центрифугирање.
3. Доколку е потребно, намалете ја
брзината на центрифугирање
притискајќи го соодветното копче.
4. Притиснете го копчето 8.
На крајот од програмата, иконата 2.8 се
гаси и вратата може да се отвори.
Завртете го програматорот на
за да
ја исклучите машината.
Извадете ги алиштата од барабанот и
внимателно проверете дали барабанот
е празен. Доколку немате намера да
изведувате друго перење, затворете ја
славината. Оставете ја вратата
подотворена за да спречите создавање
на мувла и непријатни миризби.
Подготвеност : штом ќе заврши
програмата, по неколку минути ќе се
вклучи системот за штедење енергија.
Осветленоста на екранот се намалува.
Апаратот ќе излезе од состојбата за
штедење енергија со притискање на кое
било копче.
ПОМОШНИ НАПОМЕНИ И СОВЕТИ
СОРТИРАЊЕ НА АЛИШТАТА
Следете ги шифрираните симболи за
перење на секој дел од облеката и
упатствата на производителот за
перење. Сортирајте ги алиштата на
следниот начин: бели, во боја,
синтетика, чувствителни, волнени.
ПРЕД СТАВАЊЕ НА АЛИШТАТА
Никогаш не перете заедно бели и
шарени алишта. Белите би можеле да
ја изгубат својата "белина" при
перењето.
Новите
шарени алишта може да
испуштат боја при првото перење;
затоа треба да се перат одвоено
првиот пат.
Закопчајте ги навлаките за перници,
патентите, куките и дрикерите.
Заврзете ги ремените или долгите
ленти.
Отстранете ги тврдокорните дамки пред
перење.
Истријте ги особено извалканите места
со специјален детергент или паста.
Третирајте ги завесите со посебна
грижа
. Извадете ги куките за
закачување или заврзете ги во вреќа
или мрежа.
ОТСТРАНУВАЊЕ ДАМКИ
Можно е, тврдокорните дамки да не
излезат само со вода и детергент.
Оттаму, препорачуваме да ги третирате
пред перењето.
Крв: третирајте ги свежите дамки со
студена вода. Кај исушените дамки,
натопете преку ноќ во вода со
специјален детергент, па
потоа истријте
со сапун и вода.
Боја на база на масло: натопете со
бензински отстранувач на дамки,
положете го делот од облеката на мека
крпа и тапкајте ја дамката; повторете
повеќепати.
Исушени дамки од маст: натопете со
терпентин, положете го делот од
облеката на мека подлога и тапкајте ја
дамката со памучна крпа
на врвовите
од прстите.
Рѓа: оксална киселина, растворена во
жешка вода или производ за
отстранување рѓа, кој се користи
студен. Внимавајте кај старите дамки
од рѓа, бидејќи целулозната структура
14 electrolux
Comentarios a estos manuales