
6. Затворете ги помалата горна дупка
и двете поголеми со соодветните
пластични затки испорачани во
вреќичката со упатството.
ПОСТАВУВАЊЕ ВО ПОЛОЖБА
Монтирајте ја машината на рамен, тврд
под. Уверете се дека струењето на
воздухот околу машината не е
попречено од теписи, черги итн.
Проверете дали машината ги допира
ѕидот или кујнските елементи.
Нивелирајте ја машината
за перење со
подигање или спуштање на ногалките.
Можно е, регулирањето на ногалките да
оди тешко, бидејќи имаат навртка за
само-заклучување, но машината МОРА
да биде нивелирана и стабилна. Ако е
потребно, проверете го поставувањето
со помош на либела. Сите потребни
нагодувања може да се изведуваат со
клуч за одвртување. Точното
нивелирање спречува вибрации,
бучава
и поместување на машината во текот
на работата.
ВНИМАНИЕ Никогаш не ставајте
картон, дрво или сличен материјал
под машината за да ги израмните
нерамнините на подот.
ДОВОД ЗА ВОДА
Доводното црево е испорачано и се
наоѓа во внатрешноста на барабанот од
машината Не употребувајте го цревото
од старата машина за да ја поврзете на
доводот на вода.
Апаратот мора да се приклучи на
довод за студена вода.
1. Поврзете го цревото со коленскиот
приклучок на машината.
2. Не поставувајте го доводното црево
надолу. Нагодете го аголот на
цревото кон лево или кон десно,
зависно од положбата на славината
за вода.
3. Поставете го цревото правилно
олабавувајќи го прстенестиот
шраф. Откако ќе го наместите
доводното црево, затегнете ја
прстенестата навртка за да не
истекува вода.
45°
35°
28 electrolux
Comentarios a estos manuales