
ЕВРОПСКА ГАРАНЦИЈА
Овој уред има гаранција од Electrolux во
сите земји што се наведени на задната
страна од ова упатство, и тоа за
периодот наведен во гаранцијата на
уредот или инаку утврдено со закон.
Доколку се преселите од некоја од
наведените земји во некоја друга земја,
гаранцијата ќе се пресели со Вас, и тоа
во согласност со
следните услови:
• Гаранцијата на уредот започнува од
денот на купувањето на уредот, што
се потврдува со важечки документ за
набавка кој го издава продавачот на
производот.
• Гаранцијата на уредот важи за истиот
период и за истиот обем на работа и
делови, што важи во Вашата нова
земја на живеење, и тоа за тој
одреден модел или серија на
производи.
• Гаранцијата на уредот му припаѓа
лично на купувачот на уредот и не
може да се префрли на друг
корисник.
• Уредот треба да е инсталиран и да се
користи во согласност со упатствата
на Electrolux и да се користи само во
домот, односно да не се користи во
комерцијални цели
.
• Уредот треба да е инсталиран во
согласност со сите прописи што
важат во Вашата нова земја на
живеење.
Одредбите од оваа Европска гаранција
не влијаат врз правата што ги дава
законот.
electrolux 25
Comentarios a estos manuales