• Не ставајте запаливи продукти или влажни
предмети заедно со запаливи продукти, и/
или растопливи објекти (направени од
пластика или алуминиум) и/или ткаенини
во, блиску или на апаратот. Постои
опасност од експлозија или пожар.
• Користете го само дополнителниот прибор
испорачан заедно со апаратот.
• Внимавајте кога го приклучувате апаратот
на блиските штекери. Не дозволувајте
каблите да дојдат во допир со апаратот
или жешките садови за готвење. Не
оставајте ги каблите да се заплеткаат.
• Ако на површината има пукнатина,
извлечете го кабелот од струја за да
спречите струен удар.
МОНТАЖА
• Мора да ги прочитате овие упатства.
Производителот не е одговорен за каква
било повреда на луѓе и миленичиња или за
материјална штета поради непочитување
на овие барања.
• За да ги спречите ризиците од структурно
оштетување или физичка повреда,
монтажата, поврзувањето на апаратот на
напојувањето со струја или на системот за
гас, поставувањето и одржувањето смее да
го извршува само квалификуван персонал
во согласност со стандардите и локалните
законски прописи.
• Уверете се дека апаратот не е оштетен при
транспорт. Никогаш не поврзувајте
оштетен апарат. По потреба, разговарајте
со испорачувачот.
• Користете ги апаратите што се вградуваат
само ако се претходно вградени во
соодветни елементи за вградување и во
работни површини кои ги исполнуваат
стандардите.
• Не монтирајте ја површината за готвење на
гас над апарати за домаќинство, ако
упатствата за монтажа не го дозволуваат
тоа.
• Монтирајте го апаратот само на рамна
работна површина.
• Не менувајте ги спецификациите и не
вршете измени на производот. Постои
опасност од повреда и оштетување на
апаратот.
• Придржувајте се кон законите, прописите,
директивите и нормите кои важат во
земјата на употреба на апаратот
(безбедносни одредби, одредби за
рециклирање, правила за електрична
безбедност итн.).
• Одржувајте минимално растојание од
другите апарати и уреди.
• Монтирајте заштита од струен удар, на
пример, монтирајте ги фиоките само ако
директно под апаратот има заштитна
плоча.
• Спречете оштетување на пресечените
површини на работната површина од влага
со соодветен дихтунг.
• Спојте го апаратот со работната плоча без
процепи и со соодветен дихтунг.
• Спречете оштетување на долната страна
од апаратот од пареа и влага, на пр. од
машина за миење садови или рерна.
• Не монтирајте го апаратот во близина на
врати и под прозорци. Ненадејното
отворање на вратите или прозорците може
да ги преврти жешките садови од
површината.
• Пред монтажа, проверете дали условите на
локалното напојување (вид и притисок на
гас) одговараат на регулирањето на
апаратот. Условите за регулирање на
апаратот се наведени на плочката со
спецификации, која се наоѓа блиску до
цевката за довод на гас.
• Овој апарат не смее да се поврзува на
уреди за одвод на производи од горење.
Мора да се намести и поврзе во согласност
со тековните прописи за монтажа. Особено
внимание мора да се посвети на важечките
барања во однос на вентилацијата.
• При употребата на апарати за готвење на
гас се произведува топлина и влага во
просторијата во која се наоѓаат. Погрижете
се за добро проветрување во кујната:
држете ги природните отвори за
проветрување отворени или монтирајте
механички уред за проветрување
(механички аспиратор).
• Ако апаратот интензивно работи подолго
време, потребна е дополнителна
вентилација (на пример, да се отвори
прозорец или да се зголеми нивото на
механичката вентилација, каде што ја има).
• Внимателно следете ги упатствата за
електрично поврзување. Постои ризик од
повреда од електрична струја.
• Исклучете го апаратот од струја пред
одржување или чистење.
• Клемата е под напон.
• Исклучете го напонот од клемата.
МАКЕДОНСКИ 37
Comentarios a estos manuales