Electrolux ENN2851AOW Manual de usuario Pagina 28

  • Descarga
  • Añadir a mis manuales
  • Imprimir
  • Pagina
    / 36
  • Tabla de contenidos
  • MARCADORES
  • Valorado. / 5. Basado en revisión del cliente
Vista de pagina 27
Со тоа се подобрува работењето
на апаратот и се штеди
електрична енергија.
6.3 Одмрзнување на
фрижидерот
Сланата автоматски се отстранува од
испарувачот во преградата од
фрижидерот секогаш кога
компресорот ќе престане да работи во
текот на вообичаената употреба.
Водата од одмрзнувањето истекува во
посебен сад од задната страна на
апаратот, над компресорот, од кој што
испарува.
Важно е повремено да се исчисти
дупчето за истекување на водата од
одмрзнувањето на средината на
каналот во преградата на фрижидерот
за да се спречи прелевање на водата
и нејзино капење врз храната внатре.
6.4 Одмрзнување на
замрзнувачот
Комората во замрзнувачот нема мраз.
Тоа значи дека не се формира мраз
додека работи, ниту на внатрешните
ѕидови, ниту на храната.
6.5 Периоди на неработење
Кога апаратот не се користи подолго
време, преземете ги следниве мерки
за заштита:
1. Откачете го апаратот од
електричната мрежа.
2. Извадете ја сета храна.
3. Исчистете ги апаратот и сите
додатоци.
4. Оставете ја вратата/вратите
отворени за да спречите
непријатни миризби.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Ако фрижидерот треба да
остане вклучен, замолете
некого да го проверува
повремено за да не се
случи храната да се
расипе во случај на
снемување струја.
7. РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Видете во поглавјата за
заштита и сигурност.
7.1 Што да направите ако...
Проблем Можна причина Решение
Апаратот не работи. Апаратот е исклучен. Вклучете го апаратот.
Приклучокот за струја
не е правилно ставен
во штекерот.
Правилно ставете го
приклучокот за струја во
штекерот.
www.electrolux.com28
Vista de pagina 27
1 2 ... 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32 33 34 35 36

Comentarios a estos manuales

Sin comentarios