
28 www.electrolux.com
Многу е важно ова упатство да
остане заедно со апарат заради
идна потреба. Доколку апарат
се продаде или пренесе на друг
сопственик или се преселите и
го оставите апарат, внимавајте
упатството секогаш да биде со него,
за да може новиот сопственик да се
запознае со функциите и со важните
предупредувања.
Доколку овој апарат кој има
магнетизирани гуми за затворање,
треба да замени постар апарат кој
има брава (брава со пружина) на
вратата или капакот, погрижете се да
ја онеспособите бравата со пружина
пред да го расходувате стариот
апарат. Тоа ќе спречи апаратот да
стане смртна стапица за деца.
Овие предупредувања се дадени во
интерес на безбедноста. Мора да
ги прочитате внимателно пред да го
монтирате или користите апарат.
Општа безбедност
Апаратот е конструиран за
да се користи исклучиво во
домаќинството. Апаратот е наменет
исклучиво за чување вино, како
што е опишано во ова упатство за
употреба.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Опасност од повреда заради
скршено стакло! Во случај
на транспорт на надморска
висина над 1100 м, стаклените
површини на вратата можат
да се скршат. Вратата може
да се скрши. Парчињата
имаат остри рабови и можат
да предизвикаат сериозна
повреда. Преземете соодветни
мерки на заштита.
• Овој апарат не е наменет да го
користат лица (вклучително и деца)
со намалени физички, сетилни или
ментални способности, или лица
без искуство и знаење, освен ако
не се под надзор или упатување за
користење на апарат од страна на
лицето кое е одговорно за нивната
безбедност. Децата треба да се
надгледуваат за да бидете сигурни
дека нема да играат со апарат.
• Опасно е да се менуваат
спецификациите или да се
вршат какви било промени на
производот.
• Пред да спроведете постапка за
чистење или одржување, апаратот
треба да го исклучите и да го
извадите кабелот од штекерот.
• Овој апарат е тежок. Бидете
внимателни кога го преместувате.
• Бидете крајно внимателни кога
ракувате со вашиот апарат за да
не го оштетите делот за ладење,
кое може да биде проследено со
истекување на течноста.
• Апаратот не смее да се наоѓа
блиску до радијатори или плински
шпорети.
• Избегнувајте подолга изложеност
на апаратот на директна сончева
светлина.
• Мора да постои соодветна
вентилација околу апаратот и
мора да се избегнува секакво
оштетување на водовите за
ладење.
• Не користете други електрични
апарати (како на пример, апарати
за правење сладолед) внатре во
фрижидерот.
Сервис/Поправање
• Електричните работи, потребни за
монтажа на овој уред, мора да ги
изведува квалификуван електричар
или стручно лице.
• Производот мора да го сервисира
овластен Сервисен центар и треба
да се користат само оригинални
резервни делови.
• Во никој случај не смеете да се
обидувате сами да го поправате
апаратот. Поправките изведени
од страна на неискусни лица
може да предизвикаат повреда
БЕЗБЕДНОСНИ ИНФОРМАЦИИ
Comentarios a estos manuales