
изврши квалификуван електричар или
компетентно лице.
• Производот мора да го сервисира овластен
Сервисен центар и мора да се користат
само оригинални резервни делови.
Заштита на животната средина
Апаратот не содржи гасови што може да
го оштетат озонскиот слој ниту во
водовите за ладење, ниту во изолациските
материјали. Апаратот не смее да се
расходува заедно со обичен комунален смет
и ѓубре. Изолациската пена содржи запаливи
гасови: апаратот мора да се расходува
согласно со важечките прописи што може да
ги добиете од локалните власти. Избегнувајте
оштетување на уредот за ладење, особен
одзади, близу до разменувачот на топлина.
Материјалите употребени за овој апарат
означени со симболот
се рециклираат.
Контролна табла
1 2 3 4 5
1 Зелено показно светло
2 Црвено показно светло
3 Жолто показно светло
4 Прекинувач на замрзнувачот
5 Регулатор на температурата
Вклучување
1. Дозволете апаратот да стои 4 часа по
монтажата.
2. Ставете го приклучокот во ѕиден штекер.
3. Свртете го регулаторот на температурата
надесно до средната поставка.
4. Зеленото показно светло ќе се запали и ќе
остане запалено додека апаратот не се
исклучи од кабелот за напојување.
5. Притиснете го прекинувачот на
замрзнувачот за да ја активирате
функцијата за брзо замрзнување (жолтото
показно светло ќе светне) и оставете го да
работи 4 часа за да овозможите да се
постигне правилната температура пред да
ставите храна внатре.
Жолтото показно светло свети кога
прекинувачот на замрзнувачот е во
вклучена позиција.
6. Црвеното показно светло исто така ќе
свети додека не се постигне правилната
температура.
Неколку часа по стартувањето, црвеното
показно светло ќе се изгаси за да покаже
дека е постигната правилната
температура за избраната поставка и ќе
остане изгасено за да означи дека сè е во
ред. Ќе се запали ако температурата на
замрзнувачот се покачи прекумерно, на
пример, по отворањето на вратата на
замрзнувачот или ставањето храна во
витрината, но светлото треба да се изгаси
повторно кога температурата ќе се врати
на правилното ниво за зачувување.
7. Кога апаратот ќе ја постигне поставената
температура (црвеното показно светло се
гаси), притиснете го повторно
прекинувачот на замрзнувачот за да ја
исклучите функцијата за брзо
замрзнување. Жолтото показно светло ќе
се изгаси.
Исклучување
1. За да го исклучите апаратот, свртете го
регулаторот на температурата во положба
„O“.
2. За да го исклучите апаратот од струја,
извадете го кабелот за напојување од
ѕидниот штекер.
Регулирање на температурата
Температурата во апаратот се контролира со
регулаторот на температурата поставен на
контролната табла.
За да работите со апаратот, постапете на
следниов начин:
• свртете го регулаторот на температурата
кон помалата поставка за да постигнете
минимално ладење.
electrolux 37
Comentarios a estos manuales