Electrolux EUT10002W Guía básica Pagina 41

  • Descarga
  • Añadir a mis manuales
  • Imprimir
  • Pagina
    / 68
  • Tabla de contenidos
  • MARCADORES
  • Valorado. / 5. Basado en revisión del cliente
Vista de pagina 40
1
2
Местоположба
Апаратот треба да се инсталира на добра
оддалеченост од извори на топлина, како што
се радијатори, бојлери, директна сончева
светлина итн. Погрижете се воздухот да може
слободно да струи околу задниот дел од
апаратот. За да обезбедите најдобри
перформанси кога апаратот е монтиран под
некој висечки елемент, минималното
растојание помеѓу горната страна од
кабинетот и ѕидот мора да биде најмалку 100
mm. Во идеални услови, овој апарат не би
требало да се поставува под висечки
елементи. Правилното нивелирање се
обезбедува со една или повеќе вртливи
ногалки во основата на кабинетот.
Ако кабинетот е поставен во агол, а страната
со шарки е завртена кон ѕидот, растојанието
помеѓу ѕидот и кабинетот мора да биде
најмалку 10 mm за да може вратата да се
отвора доволно за се извадат полиците.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Мора да
овозможите апаратот да се исклучува од
напојувањето; оттаму, по инсталацијата
штекерот мора да биде лесно достапен.
15mm
15mm 100mm
Менување на страната на отворање
ВАЖНО За да ги изведете следниве
операции, предлагаме ова да го правите со
помош на друго лице коешто ќе ги држи
цврсто вратите од апаратот додека работите.
За да ја смените насоката на отворање на
вратата, направете ги следниве чекори:
1. Извадете го приклучокот за струја од
штекерот.
2. Внимателно навалете го апаратот
наназад така што компресорот нема да го
допира подот.
3. Отшрафете ги приспособливите ногалки
поставени на двете страни напред.
4. Извадете ја долната шарка на вратата
одвртувајќи ги двете завртки кои ја држат.
5. Извадете ја иглата од шарката од долниот
дел на вратата.
6. Вметнете ја иглата од шарката во дупката
на плочката на шарката.
7. Спуштете ја вратата.
8. Зацврстете ја горната игла од шарката на
спротивното место.
9. Зацврстете ја вратата на своето место врз
иглата од шарката.
10. Вметнете ја иглата од шарката во дупката
на плочката на шарката и преместете го
склопот на шарката на спротивното место
и зацврстете ја користејќи ги завртките за
држење.
electrolux 41
Vista de pagina 40
1 2 ... 36 37 38 39 40 41 42 43 44 45 46 ... 67 68

Comentarios a estos manuales

Sin comentarios