Electrolux EUT10002W Guía básica Pagina 40

  • Descarga
  • Añadir a mis manuales
  • Imprimir
  • Pagina
    / 68
  • Tabla de contenidos
  • MARCADORES
  • Valorado. / 5. Basado en revisión del cliente
Vista de pagina 39
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Никогаш не
користете остри метални алатки за
гребење на мразот од испарувачот затоа што
може да го оштетите.
Не користете механички уреди или вештачки
средства за забрзување на топењето освен
оние што ги препорачува производителот.
Покачувањето на температурата на
смрзнатата храна за време на
одмрзнувањето може да го скрати нејзиниот
век на чување.
Периоди неработење
Кога апаратот не се користи подолго време,
преземете ги следниве предострожности:
1. откачете го апаратот од електричната
мрежа
2. извадете ја сета храна
3. Одмрзнете ги и исчистете ги апаратот и
сите додатоци.
4. оставете ја вратата или вратите
подотворени за да спречите непријатни
мириси.
ВАЖНО Ако фрижидерот треба да остане
вклучен, замолете некого да го проверува
повремено за да не се случи храната да се
расипе во случај на снемување струја.
Што да сторите ако...
Нормални работни звуци
Кога разладното средство се пумпа низ
намотките или цевките, може да се слуша
звук на тивко гргорење и клокотење. Тоа е
нормално.
Кога компресорот е вклучен, средството за
ладење се пумпа низ системот и од него ќе
слушате звуци на шумење и тропање. Тоа е
нормално.
Термичката дилатација може да
предизвика ненадејни звуци на пукање. Тоа
е природен, безопасен физички феномен.
Тоа е нормално.
Кога компресорот се вклучува или
исклучува, ќе слушате слабо "кликање" на
температурниот регулатор. Тоа е
нормално.
Технички податоци
Димензија
Височина 850 mm
Широчина 550 mm
Длабочина 612 mm
Време на одржување 22 h
Техничките информации се наоѓаат на
плочката со спецификации од левата страна
внатре во апаратот и на етикетата за
енергија.
Монтажа
ВНИМАНИЕ Прочитајте ги
"Безбедносните информации"
внимателно пред да го наместите апаратот за
да бидете побезбедни и апаратот да работи
правилно.
Поставување
Наместете го апаратот на место каде што
околната температура е соодветна на
климатската класа укажана на плочката со
спецификации на апаратот:
Климатс
ка класа
Околна температура
SN +10°C до + 32°C
N +16°C до + 32°C
ST +16°C до + 38°C
T +16°C до + 43°C
Нивелирање
Кога го поставувате апаратот, уверете се дека
стои рамно. Ова може да се постигне со две
вртливи ногалки на долниот дел од предната
страна (2). Ако е потребно, нагодете ги
ногалките така што ќе ги отстраните
разделниците (1).
40 electrolux
Vista de pagina 39
1 2 ... 35 36 37 38 39 40 41 42 43 44 45 ... 67 68

Comentarios a estos manuales

Sin comentarios