
ЧИСТЕЊЕ НА ФИЛТРИТЕ НА
ДОВОДОТ ЗА ВОДА
ВАЖНО Ако апаратот не прима вода,
долго време прима вода, копчето за
почнување трепка жолто или екранот
(ако го има) го прикажува соодветниот
аларм (видете подетално во поглавјето
„Што да сторите ако...“), проверете
дали се блокирани филтрите за
доводот на вода.
Чистење на филтрите на доводот за
вода:
• Затворете ја славината.
• Одвртете го цревото од славината.
• Исчистете го филтерот во цревото со
тврда четка.
• Навртете го цревото назад на
славината. Проверете дали е добро
стегнато.
• Отшрафете го цревото од апаратот.
Имајте крпа при рака бидејќи може да
истече малку вода.
• Исчистете го филтерот во вентилот
со груба четка или со крпа.
• Завртете го цревото назад на
машината и проверете дали е добро
стегнато.
• Отворете ја славината.
ШТО ДА СТОРИТЕ АКО...
Машината за перење не се вклучува
или прекинува додека работи. Можни
се одредени проблеми поради
несоодветно одржување или превиди,
кои може да се решат со помош на
показателите опишани во табелата, без
да има потреба да викнете сервисер.
За време на работата на апаратот
можно е црвеното контролно светло за
копчето 8 да трепка,
екранот да покаже
дефект и алармот да се огласе за да
укаже дека апаратот не работи.
Пред да се обратите во вашиот
локален сервисен центар, прво
изведете ги следните проверки.
Шифри за дефекти
и неправилно
функционирање
Веројатна причина - Решение
Проблем со
доводот на вода
Славината за вода е затворена.
• Отворете ја славината.
Доводното црево е згмечено или превиткано.
• Проверете го приклучокот на доводното црево.
Филтрите во доводното црево или во доводниот вентил
се затнати
• Исчистете ги филтрите во доводот на вода (за повеќе
детали видете во „Чистење на филтрите за довод
на
вода“).
88 electrolux
Comentarios a estos manuales