Electrolux MO817GXE Manual de usuario Pagina 38

  • Descarga
  • Añadir a mis manuales
  • Imprimir
  • Pagina
    / 172
  • Tabla de contenidos
  • MARCADORES
  • Valorado. / 5. Basado en revisión del cliente
Vista de pagina 37
www.electrolux.com
38
За да избегнете погрешна
употреба од страна на деца
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Апаратот и деловите што
може да се дофатат
стануваат врели за време
на употребата. Треба да се
внимава да не се допираат
врелите елементи. Децата
под 8 години треба да се
држат настрана освен ако
не се под постојан надзор.
Овој апарат може да го
користат деца со наполнети 8
години и постари, како и
лица со намалени физички,
сетилни или ментални
способности или оние на кои
им недостасува искуство ако
се под надзор или биле
обучени како да го користат
апаратот на безбеден начин и
ги разбрале опасностите што
може да се појават. Децата
треба да се под надзор за да
се обезбеди да не си играат со
апаратот.Децата не смее да
го чистат и одржуваат
апаратот освен ако не се со
наполнети 8 години или
постари и под надзор.
Не потпирајте се или не нишајте ја вратата на
печката. Не играјте си со печката или не користете
ја како играчка. Децата треба да се подучат за сите
важни безбедносни упатства: употреба на држачи
за тенџериња, внимателно вадење на капаците на
храната, обрнување особено внимание на
пакувањето (на пр. материјали што сами се
загреваат) дизајнирано за правење крцкава храна
бидејќи може да е екстремно врело.
Други предупредувања
Никогаш не менувајте ја печката на ниту еден
начин. Оваа печка е само за подготовка на храна
во домашни услови и може да се користи само за
готвење храна. Не е соодветна за комерцијална
или лабораториска употреба.
За да придонесете кон употреба на печката
без проблеми и за да избегнете
оштетување
Никогаш не вклучувајте ја печката кога е празна
освен ако не се препорачува во упатството за
работа, видете на страница 46, забелешка 2. На тој
начин може да ја оштетите печката. Кога
користите сад за карамелизирање или материјал
што сам се загрева, секогаш ставајте изолатор што
е отпорен на топлина како порцелан под него за
да спречите оштетување на вртливите потпора и
основа заради преголема топлина. Не смее да се
надминува времето за предзагревање што е
посочено во упатството за садот. Не користете
метален прибор што ги рефлектира микро
брановите и може да предизвика електрично
искрење. Не ставајте конзерви во печката.
Користете ги само вртливите основа и потпора
што се дизајнирани за оваа печка. Не вклучувајте
ја печката без вртливата основа.
За да спречите кршење на вртливата основа:
a) Пред чистење на вртливата основа со вода,
оставете ја да се излади.
б) Не ставајте врела храна или врел прибор на
ладна вртлива основа.
в) Не ставајте ладна храна или ладен прибор на
врела вртлива основа.
Не ставајте ништо на надворешното куќиште за
време на работа. Не користете пластични садови
за микропечката ако таа е уште врела при
користење на режимот за ГРИЛ, режимот за
ДВОЕН ГРИЛ и РАБОТАНА АВТОМАТСКОТО
ГОТВЕЊЕ бидејќи може да се стопат. Пластичните
садови не смеат да се користат во горенаведените
режими освен ако производителот на садот не
тврди дека се соодветни.
Важно!
Ако не сте сигурни како да ја поврзете печката,
консултирајте се со овластен, квалификуван
електричар. Ниту производителот, ниту
застапникот нема да прифатат одговорност за
оштетување на печката или лична повреда заради
неследење на правилната процедура за
електрично поврзување. Од време навреме може
да се формираат пареа од вода или капки на
ѕидовите на печката или околу гумата на вратата
и површините за спојување. Ова е нормално и
не е индикација за протекување или дефект на
микробрановата печка.
Vista de pagina 37
1 2 ... 33 34 35 36 37 38 39 40 41 42 43 ... 171 172

Comentarios a estos manuales

Sin comentarios