
МАКЕДОНСКИ
59
Телешки котлети со моцарела
1. Измијте го телешкото месо, исушете го и
исчукајте го.
2. Згмечете ги доматите, додајте лук, масло,
сол, бибер, капар и оригано и истурете го
врз телешкото. Покријте и гответе.
15-19 мин. 630 W
Превртете ги парчињата месо.
3. Ставете парчиња моцарела врз секој котлет,
зачинете и гответе непокриено на горната
полица.
9-12 мин. Двоен грил (630 W)
По готвењето, почекајте околу 5 минути.
Гратинирани тиквички со
тестенини
1. Измешајте ги доматите со кромидот и
зачинете добро. Додајте ги макароните.
Истурете го сосот од домати врз макароните
и растурете ги коцките од тиквички
одозгора.
2. Измешајте ја киселата павлака со јајцата и
истурете ја врз храната. Поросете рендан
кашкавал. Ставете на долната полица и
гответе.
18-21 мин. 900 W
7-8 мин. Двоен грил (630 W)
По готвењето, почекајте околу 5-10 мин.
Прибор: Плиток квадратен сад за гратинирање
со капак (приближно 25 см. долг)
150 гр. сирење моцарела, на парчиња
500 гр. домати од конзерва, исцедени
4 котлети телешко месо (600 гр.)
20 мл. маслиново масло
2 чешниња лук, исечкан
20 гр. капар
оригано
сол и бибер
Прибор: Сад за гратинирање (околу 26 см.
долг)
80 гр. макарони, сварени
400 гр. сечкани домати од конзерва
150 гр. кромид, ситно исечкан
босилок, тимијан, сол, бибер
1 л. масло за замастување на садот
450 гр. тиквички, на парчиња
150 гр. кисела павлака
2 јајца
100 гр. кашкавал чедар, изрендан
Круши во сос од чоколадо
1. Ставете ги шеќерот, ванилата, ликер од
круши и вода во длабок сад, промешајте,
покријте и гответе.
1-2 мин. 900 W
2. Ставете ги крушите во течноста, покријте и
гответе.
5-8 мин. 900 W
Извадете ги крушите од течноста во која се
готвеа и ставете ги во ладилник.
3. Ставете 50 мл. од течноста во која се готвеа
во помал длабок сад. Додајте ги чоколадото
и свежата павлака, покријте и гответе.
2-3 мин. 900 W
4. Измешајте го убаво сосот, истурете го врз
крушите и послужете.
Прибор: Длабок сад со капак (капацитет 2 л.)
Длабок сад со капак (капацитет 1 л.)
4 цели круши, излупени (600 гр.)
60 гр. шеќер
10 гр. ванила во прав
1 л. ликер од круши
150 мл. вода
130 гр. темно чоколадо, искршено
100 гр. свежа павлака
Comentarios a estos manuales